„Оне“ единствен кандидат за 4Г

Bez autora
Sep 16 2012

Мобилниот оператор „Оне“ ќе биде единствен што во земјава ќе нуди услуги од четвртата генерација мобилна телефонија (4Г). На повикот што го распиша Агенцијата за електронски комуникации, за кој крајниот рок за доставување понуди заврши вчера, како што дознаваме, „Оне“ бил единствената компанија што конкурирала за фреквенцијата што се нудеше по почетна цена од 25 милиони евра. Четврта генерација мобилни мрежи се засноваат на ЛТЕ-технологија и со нив протокот на податоците е со брзина од 100 мегабити во секунда, што е десетпати побрзо отколку најбрзата 3Г-мрежа. Оваа технологија обезбедува уникатно искуство на користење услуги што бараат голема брзина за безжичен пренос на податоци, како и побрз пристап до апликации и видеосодржини - „Јутјуб“, мобилната телевизија, облак-услуги и мрежни игри.

„Оне“ единствен кандидат за 4ГМобилниот оператор „Оне“ ќе биде единствен што во земјава ќе нуди услуги од четвртата генерација мобилна телефонија (4Г).

На повикот што го распиша Агенцијата за електронски комуникации, за кој крајниот рок за доставување понуди заврши вчера, како што дознаваме, „Оне“ бил единствената компанија што конкурирала за фреквенцијата што се нудеше по почетна цена од 25 милиони евра.

Четврта генерација мобилни мрежи се засноваат на ЛТЕ-технологија и со нив протокот на податоците е со брзина од 100 мегабити во секунда, што е десетпати побрзо отколку најбрзата 3Г-мрежа. Оваа технологија обезбедува уникатно искуство на користење услуги што бараат голема брзина за безжичен пренос на податоци, како и побрз пристап до апликации и видеосодржини - „Јутјуб“, мобилната телевизија, облак-услуги и мрежни игри.

Идниот оператор, според условите од јавниот повик, ќе има обврска од 1 септември 2013 година да почне да работи и да обезбедува услуги до крајните корисници. Тој ќе мора да покрие 95 отсто од територијата на земјава со овој вид мрежи во период од четири години. На овој начин, во АЕK велат дека се трудат да поттикнат обезбедување брз мобилен интернет-пристап и во руралните средини со што Македонија ќе се приближува кон исполнување на дел од условите пропишани во „Дигиталната агенда - 2020“ на Европската унија.

Радиофреквенција во опсегот од 800 мегахерци во земјава ќе се ослободи откако ќе се дигитализираат телевизиите, процес наречен „дигитална дивиденда“, кој треба да заврши до 1 јуни идната година и за кој во тек е избор на оператор на дигитална телевизија. Овие радиофреквенции се најдобри за користење на 4Г-мобилната телефонија бидејќи имаат силни пробивни својства, односно најлесно влегуваат низ ѕидови и во други затворени средини.

Во регионот, мобилна мрежа од четвртата генерација се користи и во Будимпешта, преку Маѓар телеком, а во март годинава, Хрватски телеком ја пушти во комерцијална употреба првата 4Г ЛТЕ-мрежа во центарот на Загреб, Осиек, Сплит и Риека, а во план е проширување на мрежата во другите урбани делови на земјата. Во другите држави во тек се подготовки за воведување на оваа технологија.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik